ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Р.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Тој, во периодот март-мај 2021 година, довел во заблуда 48-годишен маж и 37-годишен маж, двајцата од Кичево и им ветил дека од странство по поволни услови може да им набави работни машини и моторно возило-комби.
За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена.