сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еден ученик загина, двајца повредени во пукање на автобуска постројка во Кентаки

Еден ученик загина, двајца повредени во пукање на автобуска постројка во Кентаки

Во пукање од автомобил во движење денеска на автобуска постројка во Луисвил, Кентаки, бил убиен малолетник, а други две деца се ранети, јави Си-ен-ен.

Пукањето се случилo во раните утрински часови додека децата чекале школски автобус. Малолетникот бил однесен во болницатa Луисвил каде било утврдено дека е починат. Второто дете со повреди вон животна опасност било однесено во друга болница, а на ученичка, третата жртва, и била пружена помош на лице место.

Во низа од твитови, полицијата го потврди настанот и соопшти дека работи на случајот и на утврдување на сторителите. (МИА)