Во Шарлот, Северна Каролина, на улиците може да се види камион со бизарна реклама „Не се вакцинирај“.
И покрај фактот дека на почетокот изгледа како порака од антиваксерска група, со мали букви под натписот пишува: „Погребна компанија Вилмор“.
Фотографијата од камионот со необичната порака беше споделена на Твитер, а потоа се прошири и на други социјални мрежи.
Според зборовите на сопственикот на компанијата, оваа реклама само пропагира спротивно од она што го пишува, односно, повикува на вакцинација.
Во Соединетите држави, 181 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19, а 45,4 проценти од Американците допрва треба да се вакцинираат.
Ad truck in Charlotte, North Carolina pic.twitter.com/5hMGFEN4VG
— March For Science (@MarchForScience) September 20, 2021