сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Кумата на Туцаковиќ откри интересна анегдота од одморот во Охрид: Јас и Марина му велевме на Саша Матиќ, дека сме најубави риби на плажата

Кумата на Туцаковиќ откри интересна анегдота од одморот во Охрид: Јас и Марина му велевме на Саша Матиќ, дека сме најубави риби на плажата

Легендарниот текстописец Марина Туцаковиќ која почина во неделата ќе остане запаметена како една од жените која им ги променила кариерите на многумина пејачи во регионот.

Нејзината кума која речиси повеќе од триесет години и била најдобра пријателка на Туцаковиќ во своето гостување на една српска телевизија еден ден по нејзината смрт раскажа една интересна анегдота која се случила во Охрид.

-Навистина бевме секогаш заедно, летувавме, зимувавме и секогаш се шегувавме на тие одмори. Еднаш кога бевме во Охрид пливавме, а со нас беше и Саша Матиќ, ние две му велиме: „Слушај Саша ние сме најдобри риби на плажава да знаеш. Тебе само те лажат за да не заведуваш, а Марина ми рече дека добро сум му кажала“, раскажува Маријана Петровиќ.

Туцаковиќ инаку се уште не е погребана, официјално се чека нејзиниот сопруг да оздрави од коронавирусот.

Најнови вести