сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 40 возачи, возеле пребрзо на територија на СВР Тетово

Казнети 40 возачи, возеле пребрзо на територија на СВР Тетово

Денеска (26.09.) полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 40 возачи.

Од нив 23 на територија на Тетово, а 17  на територија на Гостивар.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.