Вчера (26 септември) околу 21.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово привеле двајца малолетници од тетовското село Копанце на возраст од 14 и 16 години, затоа што околу 17 часот со уште неколку други малолетници физички нападнале малолетник од Копанце, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
При тоа, еден од напаѓачите, според пријавеното, користел и метален предмет.
СВР Тетово презема мерки за расчистување и документирање на случајот.