петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Карамарко се враќа на политичката сцена

Карамарко се враќа на политичката сцена

Поранешниот хрватски вицепремиер и лидер на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко изјави дека е прашање на време кога ќе се врати во политиката.

Тој изјави дека мотив за неговата таква одлука се актуелните состојби во ХДЗ, но и обидите на дел од партијата за негова дискредитација со пласирање на измислици, алудирајќи на тврдењето на неделникот „Национал“ дека е косопственик на вила вредна над 1,5 милиони евра.

– И состојбата во партијата и се заедно ме мотивираа да се вратам во политиката, но прашање е што следно ќе ми измислат. Очигледно во ХДЗ се плашат од мене и од моето враќање, нагласи Карамарко.

Тој тврди дека многу незадоволни членови на ХДЗ се во контакт со него и дека му ги ознесуваат своите стравувања од состојбите во партијата.

– За оваа година себе си зацртав да завршам еден проект и да им обезбедам егзистенција на децата, а потоа ќе има време за се и се ќе се знае на време, додаде Карамарко.

Карамарко беше лидер на ХДЗ од мај 2012 до јуни 2016 година, кога на функцијата го наследи актуелниот хрватски премиер Андреј Пленковиќ.