сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: „Летал“ со 235 км на час на автопатот „Пријателство“

ФОТО: „Летал“ со 235 км на час на автопатот „Пријателство“

Полициски службеници од СВР Велес денес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 32 возачи. Од нив 16 на територија на Велес, 10 на територија на Кавадарци, шест на територија на Неготино…

Полицијата регистрирала и возач кој возел со 235 километри на час, што може да се види од фотографијата.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.