сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија во Германија: Девојче (4) со денови се грижело за двете помлади сестри, мислеле дека починатиот татко спие

Трагедија во Германија: Девојче (4) со денови се грижело за двете помлади сестри, мислеле дека починатиот татко спие

Откако маж (35) починал од природна смрт, неговата четигодишна ќерка со денови се грижела за нејзините сестри. Мислеле дека нивниот татко спие, а целата ситуација ја открила тетката на девојчињата.

Четири годишно девојче повеќе од три дена се грижела за своите млади сестри кога нивниот татко починал во домот, обајви германската полиција.

Полицијата соопштила дека таткото починал од природна смрт на 14 септември во раните утрински часови.

Неговите ќерки на возраст од 4, три и две години мислеле дека тој цело време спиел. Според весникот „Passauer Neue Presse“, тетката на девојчињата случајот го открила на 17 септември.

Најстарото девојче сите денови се грижела за своите помлади сестри давајќи им храна, вода и сок. Девојчињата сега се кај тетката.