недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ПУКАЊЕ ОД ПИШТОЛ НА СОБИР НА ДУИ (ВИДЕО)

ПУКАЊЕ ОД ПИШТОЛ НА СОБИР НА ДУИ (ВИДЕО)

Овации, аплауз и пукање го одбележа отворањето на изборниот штаб на ДУИ во Чаир. При отворањето на штабот за локалните избори пред присутните се обратиле првиот вицепремиер Артан Груби, актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат во Чаир Висар Ганиу и пратеникот, потпретседател на ДУИ и ексградоначалник на општината, Изет Меџити, пренесе ПлусИнфо.

Како што може да се види од видеото, симпатизерите кои присуствувале на отворањето на изборниот штаб бурно го поздравуваат Меџити, ракоплескаат, го извикуваат неговото име и на крај го поздравуваат со рафална стрелба.

Не е првпат на изборни собири или при изборни прослави на ДУИ да се употребува огнено оружје. Впечатливо е дека пукањето од пиштол не им пречи на присутните на настанот, напротив тоа беше поздравено.

Видеото на ПлусИнфо, погледнете го во продолжение:

Најнови вести