сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Ќе направам ревизија за работењето во општина Кисела Вода и ќе има одговорност за секој украден денар од граѓаните

Ѓорѓиевски: Ќе направам ревизија за работењето во општина Кисела Вода и ќе има одговорност за секој украден денар од граѓаните

Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кисела Вода, во дебатата на Телевизија Телма со другите кандидати, истакна една од првите работи во неговиот мандат ќе направи ревизија во општината и ќе се одговара за секој сомнеж каде има најмалку еден денар криминал.

Ѓорѓиевски ова му го порача на актуелниот градоначалник од СДСМ, Филип Темелквоски, укажувајќи му дека никој нема да биде поштеден од одговорност.

-Бидејќи Темелковски го потроши мандат со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, јас на секоја седница на совет охрабрував дека ќе поддржиме доколку се покрене кривична пријава кон било кој сторител на кривично дело.  Пред целата македонска јавност категорично кажувам и тоа ќе биде така после изборите, ќе се спроведе ревизија за 10 години владеење наназад и тука ако барем 1 денар криминал има сомнеж дали за вас, или било кој ќе има одговорност, рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека нема да има толеранција затоа што граѓаните заслужуваат правда и отворена и транспарентна општина, и заслужуваат општина која ќе работи за граѓаните, а не како досега како што Темелковски ништо не сработи.

-Ние поднесувавме иницијативи до Темелковски, да се санираат многу работи во општината.   Ние со граѓаните и досега реализиравме акција каде исчистивме депонија во Драчево, реконструиравме игралишта, косевме трева, она што Темелковски немаше капацитет да го спроведе во 4 години.  Програмата на Темелковски е 75% нереализирана, односно има 101 лага несработен проект, а во Расадник предвидува бетонско чудовиште, потенцираше Ѓорѓиевски.