среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во полиција пријавени случаи на оштетување и отстранување изборен материјал

Во полиција пријавени случаи на оштетување и отстранување изборен материјал

Министерството за внатрешни работи денеска информира за три пријавени случаи поврзани со рекламен материјал за локалните избори.

Во Полициското одделение Сарај, изутрина во 08.25 часот кандидат за градоначалник за општина Сарај на претстојните локални избори пријавил дека во текот на ноќта меѓу 3 и 4 октомври во близина на мостот во Сарај бил отстранет рекламен материјал на политичката партија од која тој е кандидат.

Во Полициската станица Кратово, пак, вчера било пријавено дека во периодот од 1 октомври до 15 часот на 3 октомври на потпорен ѕид од основно училиште во Кратово и на спортска сала биле испишани графити во врска со претстојните локални избори.

Во СВР Битола синоќа носител на листа за советници од една политичка партија за локалните избори во општина Пласница пријавил дека во периодот од 10.00 до 15.00 часот во село Преглово било извршено оштетување на рекламен материјал (плакати со негов лик) кои биле поставени покрај патот.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.