СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(27) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 02.07.2021 во Куманово од полициски службеници при извршен преглед над пријавениот бил пронајден и одземен амфетамин.