среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Шок во Крагуевац: Пред училиште принудиле 9 годишник да изеде бонбона полна со дрога, детето завршило во болница

Шок во Крагуевац: Пред училиште принудиле 9 годишник да изеде бонбона полна со дрога, детето завршило во болница

Девет годишно дете од повозрасни млади лица било принудено да изеде бонбона во која има психоактивни супстанци. Сега тоа се лекува во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац и е надвор од животна опасност, потврдиле од установата.

Според локалните портали во Крагуевац, случајот со намерно дрогирање на деветгодишно дете се случил пред основно училиште во поширокиот центар на градот.

Детето без свест било пренесено во КЦ Крагуевац, објавија медиумите.

Детето моментално се лекува на одделението за интензивна нега.. Неговата здравствена состојба е добра и тоа е стабилно, надвор од животна опасност.