четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Шарпланинец касна 10 годишнo дете во Неготино

Шарпланинец касна 10 годишнo дете во Неготино

Шарпланинец каснал десетгодишник вчера во Неготино, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Настанот се случил кај местото викано „Антена”. Додека  група деца си играле, кај нив поминало лицето И.Т.(18) шетајќи го неговото куче од раса шарпланинец врзано со ланец, но без заштитна корпа.

– Кога кучето дошло до едно од децата, десетгодишен малолетник, скокнало и го каснало за левата рака, при што, му нанело видлива телесна повреда, рече Додевски.

Детето било пренесено во најблиската приватна здравствена ординација, каде му била укажана медицинска помош.

Настанот бил документиран од овластени службени лица од Полициска станица од општа надлежност Неготино