Додека гореа 14-те луѓе во Тетово, Заев следниот ден го достави Законот за марихуана во парламентот за да му помине и да му дозволи семеен извоз , нема ден без скандали, нема скандал со правна завршница, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Радовиш.
Тој посочи дека власта наместо да ги решава горливите прашања кои ги тиштат народот тие дефокусираат и релативизираат.
-Почитувани радовишани сакаат да мислите дека сите сме исти, да мислите дека без нив нема иднина, а во суштина тие се кочницата за нашата заедничка иднина, рече Мицкоски во Радовиш.