вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Норвешка без Халанд против Црна Гора и Турција

Норвешка без Халанд против Црна Гора и Турција

Фудбалската репрезентација на Норвешка нема да може да смета на најголемата ѕвезда Ерлинг Халанд за дуелите против Турција и Црна Гора од квалификациите за Светското првенство во Катар кое е на програмата во 2022 година.

Напаѓачот не настапи за Борусија Дортмунд во последните неколку натпревари, но очекувањата беа дека сепак ќе може да и помогне на репрезентацијата. Меѓутоа прогнозите не се остварија, закрепнувањето не оди според планот што значи Ерлинг ќе мора да го продолжи процесот на закрепкување по повредата на мускулот.

-За жал заздравувањето оди пoбавно, па постои ризик од компликации доколку Ерлинг прерано се врати на терените, -изјави докторот на норвешката репрезентација Ола Санд.