Благодариме што Шилегов макар делумно го поддржа проектот на Данела, но сепак Данела ќе спроведе целосен јавен превоз. 10 дена ја напаѓа Данела дека е невозможно, а сега, во среде кампања и тој го ветува истото. Неискрено и потценувачки за граѓаните. Знаеме дека Шилегов нема идеи, и не знае што да прави, но лицемерие е прво да се напаѓа нешто, а после да се предлага половично како свое, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Градска организација на СДСМ.
Од партијата велат дека Шилегов веќе е свесен дека напразно ги потроши четири години мандат. Тој ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник на Скопје, а неговиот тунел под Кале сите ќе не потсеќа на времето кога од ракав се тресеа ветувања без реално да се размислат.
– Колку и да ги краде и копира ветувањата на Данела, на скопјани им е јасно со Шилегов нема иднина, со Шилегов нема проекти. Данела има визија и конкретна програма, Петре има само арогантна желба да остане политичар. Но тој е само мафијаш кој мести тендери, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.