петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дали Перез се демантира себе си? Погрешно ме разбравте за Мбапе

Дали Перез се демантира себе си? Погрешно ме разбравте за Мбапе

Првиот човек на Реал Мадрид за шпанските медиуми објаснува дека никогаш не рекол дека на први јануари ќе знаат дали Мбапе доаѓа кај нив или не. Голем број медиуми во Шпанија цитираа негова изјава во која тој наводно рекол дека за ситуацијата со Мбапе работите ќе бидат појасни во јануари, односно дали тој ќе дојде или не ќе се знае на први јануари.

-Моите зборови за Мбапе беа погрешно интерпретирани. Реков дека ќе треба да почекаме до следната година за да знаеме нешто повеќе. Имам целосна почит кон ПСЖ и одлична соработка со овој клуб, вели Перез.