понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Мицкоски: Петрета го викаат и Худини, само него може да му успее да стопи 12.5 милиони евра добиени од продажбата на Градската куќа која ја градеше неговиот претходник

Мицкоски: Петрета го викаат и Худини, само него може да му успее да стопи 12.5 милиони евра добиени од продажбата на Градската куќа која ја градеше неговиот претходник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да денешниот митинг во општина Ѓорче Петров пред граѓаните, го нарече Петре Шилегов, Худсини бидејќи само тој успеал 12.5 милиони евра од Градската куќа да ги потроши, а никој да не знае каде и како.

-Петрета го викаат и Худини. Само него може да му успее да стопи 12.5 милиони евра добиени од продажбата на Градската куќа која ја градеше Трајановски. Досега се нема случено толку брзо и толку „најдобро“ да се стопат точно 12.5 милиони евра и никој да не виде ниту трага ниту глас. Да завршат изборите па ќе видиме што ќе покаже истрагата, порача Мицкоски.