сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бонучи со реакција откако ја остави Италија на цедило на дербито со Шпанија

Бонучи со реакција откако ја остави Италија на цедило на дербито со Шпанија

Леонардо Бонучи беше еден од хероите на италијанската репрезентација на Европското првенство, но се претвори во трагичар во полуфиналниот дуел од Лигата на нации против Шпанија.

Дефанзивецот набрзина доби два жолти картони и беше испратен во соблекувалната уште во првиот дел, по што Италија не успеа да го неутрализира овој хендикеп и загуби од големиот ривал на „Сан Сиро“.

Бонучи испрати порака до италијанската јавност, преземајќи ја одговорноста за својот потег.

– Јас сум уште полут од вас, најмногу на себе.

– Навистина ми е жал и се извинувам. Но, оваа Италија ќе се врати и ќе биде посилна од било кога досега, – напишал Бонучи на социјалните мрежи.

Бонучи ќе биде суспендиран еден натпревар, што значи дека не може да настапува во битката за третото место во Лигата на нации и наредниов период ќе му биде на располагање на својот клуб Јувентус.