понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

После тебе останав скршен: 3-годишниот Денис беше задушен од својата мајка, а таткото сега напиша потресно писмо

После тебе останав скршен: 3-годишниот Денис беше задушен од својата мајка, а таткото сега напиша потресно писмо

Денис Пашиќ, тригодишно дете од Пула на 23 мај минатата година во стан со помош на перница го задуши неговата мајка Кајра Пашиќ, со помош на 15 годишно дете, штитеник од поправен дом.

Како би го прикриле злосторството, неговото мало безживотно тело го однеле да го фрлат во реката Мандрач, каде мајката го оставила во плиткото. Баш таму, кај тоа место семејството на таткото на Денис, Решид, сака да му подигне на малото дете спомен плоча.

-Праќавме мејлови до градоначалникот и градската управа. Планиравме да се состанеме таму на годишнината од смртта на Денис и да му подигнеме споменик, за злосторството никогаш да не се заборави, изјави сестрата на Решид, Кадифа.

Бидејќи како што вели таа не добиле никаков одговор, семејството ќе се собере во селото Велика Кладуша, каде го погребале детето.

Таткото на Решид, се уште е во затвор каде служи казна поради претепување на љубовникот на Кјара.

Таткото на Рашид по повод годишнината од смртта на малиот Денис напиша емотивно писмо:

Помина година откако ме напушти мојот единствен и никогаш непрежален син Денис Пашиќ. Се прашувам зошто морало да биде така зошто имаше само три години и беше дете полно со живот. Твоите весели, разиграни очи, тато ги гледа и денес кога ќе ги затворам очите. Беше мој живот, мое се. Моето срце беше исполнето оној ден кога се роди. Денес не можам да поверувам дека те нема и дека ме напушти засекогаш. После тебе останав скршен човек. Го изгубив она што најмногу го сакам… Те изгубив тебе сине. Благодарен сум му на Алах што ми те даде во мојот, што ми даде да ја почувствувам таа љубов и среќа, да ја осетам топлината и мирисот кога и би те земал во прегратка.

Но после се останав скршен човек кој не беше спремен да те загуби и кој никогаш не се надевал на тоа. Очекував дека еден ден ќе му одиш на својот татко на погреб, но сине животот е непредвидлив и судбината сакаше различно. Уште и денес го чувствувам твојот мирис, го слушам во сон твојата насмевка. Се додека твојот татко постои, никогаш на заборавот нема да бидеш предаден.

Душо моја, птицо моја џенетска… секоја моја молитва упатена до Алах е да ти отвори врата од својот Џенет и да уживаш во Џенетската бавча.

Те сака твојот татко најмногу на свет. Сите сме на Алах и нему му се враќање. Со болка во душата,

Решид Пашиќ