среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ со пресврт го шокираа Еуро Никел

ТФТ со пресврт го шокираа Еуро Никел

Еуро Никел испушти двоцифрена предност и загуби на гостувањето кај  ТФТ (85-71) во второто коло од македонската Прва кошаркарска лига.

Скопјани останаа максимални, а вицешампионот го запиша првиот пораз во првенството. Домашниот тим се разбуди во третата четвртина, а потоа успеа да го комплетира пресвртот. Кошаркарите на Горан Самарџиев се одлепија во првиот дел, но како да се опуштија на паузата и дозволија противникот да се израдува на крајот.

Хортон со 23 и Костоски со 20 поени диригираа во редовите на домашниот тим. Самарџиски со 16 поени се истакна меѓу гостинските кошаркари.

foto:gol.mk