четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Твитови

Нацијата во големо исчекување и неизвесност: Денеска состанок меѓу вицепремиерот Османи и министерот Шапуриќ

Нацијата во големо исчекување и неизвесност: Денеска состанок меѓу вицепремиерот Османи и министерот Шапуриќ

Берзата на штрек, кладилниците наголемо работат околу тоа што ќе проценат двата члена на Владата. Дали дека Макеоднија ја очекува европска перспектива или дека реформите ќе се исплатат.

Додека запрени се повеќеот од покрупните инфраструктурни проекти во земјата, а нови нема, додека нема ниту еден нов странски инвеститор во земјата, а домашен уште помалку. Додека премиерот размислува дали со легализација на дрогата марихуана ќе ги спречи разводите и граѓаните ќе ги направи ХАЈ(всушност Зоран Заев јавно кажува дека ќе ги охрабри граѓаните да се дрогираат за да се почуствуваат повесело и плус ќе го легализира тоа).

Додека Шилегов си ги подлажува скопјани дека со бесплатно возење во автобус ја решил маглата, додека никој ништо не работи, ниту има идеја што да сработи, меѓу две апсења за забава и ситење на народот, СДСМ смислиле медиумски настани на средби помеѓу членови на иста Влада, кои разговараат за потребата и значењето од неименувани и непознати реформи. Ова мора да е смислено до Роберт Поповски, а одобрено до Зоран Заев, како генијална идеја за ПР.

Кај и да е, ќе заврши периодот кога народот ќе може да го замајуваат со апсења без основ и спротивно на закон, хајки и прогони, и веќе смислуваат нови форми на занимација која треба до поплни медиумскиот простор и да се даде храна за што да зборат новинарите под контрола на СДСМ.

Па така, наскоро да не се изненадиме ако вестите на Канал 5 почнат оде дебата на аналитичари(се разбира од СДСМ и ДУИ) за дебатата на два министри тој ден, а поврзната со важноста на неименувани реформи во секторот риболов.

Народот не би требало да се буни. Пред само два месеци му даде голема поддршка на локалните избори на СДСМ, а не момеже да кажеме дека незнаеме какви се и кои се и што ќе прават.

Така да, да се навикнеме да живееме во време на „млатење празна слама“ од политичарите, па од нив аналитичарите и медимуте, легализации на дрога, нудење на промена на името и идентитетот и по некое апсење.

Среќна нова 2018-та народе. Баравте- гледајте.

Инаку, во текот на вчерашниот ден средба остварија министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот за европски прашање Бујар Османи.