Последното истражување на Агенција „Рејтинг“ покажува дека во Скопје актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ и коалцијата, Петре Шилегов има предност од 8,7% пред противкандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Данела Арсовска.
На трето место, според оваа анкета, се наоѓа кандидатот на Левица, Петар Георгиевски Камиказа со 6,7%, следи Ана Петровска со 4,5% па Бени Шаќири со 2,3% и Александар Тортевски со 1,2%.
„Рејтинг“ е агенцијата која со години е отворено финансирана од Владата на СДСМ, како и од општините и институциите на чие чело се функционери од партијата на Зоран Заев.
Официјалните податоци од Јавни набавки говорат колкави се сумите кои оваа агенција ги добива. Имено, „Рејтинг“ кој го мери рејтингот на Заев и неговата партија, а сега и на нивните кандидати за градоначалници, добива милионски тендери.
Прв човек на „Рејтинг“ е Ѓорѓи Спасов, човек близок до СДСМ и првите луѓе на партијата. За сумите кои со години ги добива од власта на Заев, тој изгледа возвраќа со анкети на кои им го “билда“ рејтингот.