сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Да им влеземе дома на луѓето и да ги вакцинираме додека спијат“ – шокантна изјава на претседателот на Филипини

„Да им влеземе дома на луѓето и да ги вакцинираме додека спијат“ – шокантна изјава на претседателот на Филипини

Луѓето кои сe уште не сакаат да се вакцинираат против коронавирус треба да се вакцинираат додека спијат, оцени денеска претседателот на Филипини, Родриго Дутерте.

-Знам дека многумина се уште не сакаат да се вакцинираат и тие се проблем. Значи, ајде да влеземе во нивните куќи и да ги вакцинираме додека спијат. Крај на приказната, Дутерте предложи во телевизиско обраќање, велејќи дека тој ќе ја води акцијата.

Тој посочи дека покрај имунизацијата, важно е да се носат маски и да се одржува дистанца, бидејќи само тие мерки можат да го спречат ширењето на коронавирусот во земјата.

Скоро 50 милиони дози на вакцини против коронавирус од различни производители се дадени на Филипини досега. Повеќе од 23 милиони луѓе се целосно имунизирани, а властите се надеваат дека ќе имунизираат до 70 милиони од 111,5 милиони жители до крајот на годината.

Дутерте претходно повика на донесување закон со кој ќе се дозволат затворски казни за оние што го прекршуваат карантинот. Тој, исто така, рече дека учесниците во масовните настани треба да одат во затвор.

На почетокот на јуни, Дутерте рече дека оние кои се свесни дека се позитивни на ковид, но ги прекршуваат мерките, заразуваат други и предизвикуваат смрт, ќе бидат обвинети за убиство.

Досега, 2,67 милиони луѓе се заразени со коронавирусот на Филипини, од кои околу 39,600 починале. (МИА)