понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Железничка несреќа: 2 лица загинаа, 18 повредени- воз се судри со камион и излета од шини

Железничка несреќа: 2 лица загинаа, 18 повредени- воз се судри со камион и излета од шини

Две лица загинаа, а 18 други се повредени синоќа, кога патнички воз по судир со камион, излетал од шините во близина на северниот италијански град Торино.

На самото место на несреќата загинал машиновозачот, а нешто подоцна на пат кон болница на здобиените повреди им подлегнал и еден потешко повреден патник.

Несреќата се случила околу 23:20 часот кого возот удрил во камион со летонски регистарски таблични, кој стоел на патен премин преку пругата во местото Калусо.

Регионалната управа за железнички сообраќај соопшти дека рампата на преминот се спуштила навреме, но камионот од засега непознати причини удрил во неа, ја пробил и застанал на пругата.