петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Бурата Елеанор ја погоди Белгија, жителите не паметат посилно невреме

Локални жители за белгиските медиуми изјавија дека Елеанор била најсилната бура што ја паметат. 
ВИДЕО: Бурата Елеанор ја погоди Белгија, жителите не паметат посилно невреме
ФОТО: АРХИВА

Бурата Елеанор минатата ноќ ја погоди територијата на Белгија, предизвикувајќи сериозни материјални штети.

Синоптичарите информираа дека брзината на ветерот достигнала до 110 километри на час.

Локални жители за белгиските медиуми изјавија дека Елеанор била најсилната бура што ја паметат.

Силниот ветер, проследен со обилни дождови, откорнал или искршил голем број дрва кои оштетиле повеќе автомобили.

Засега нема податоци за повредени лица.