среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Белгија и Шведска можно е воопшто да не го доиграат мечот?

Белгија и Шведска можно е воопшто да не го доиграат мечот?

Прекинатиот квалификациски натпревар помеѓу Белгија и Шведска можно е воопшто и да не се доигра, јаввуваат повеќе европски медиуми.

Мечот беше прекинат на паузата меѓу двете полувремиња, кога стигнаа информациите за терористичкиот напад во Брисел, во кој беа убиени двајца шведски државјани.

Според правилата на Европската фудбалска унија (УЕФА), прекинат натпревар треба да се доигра во најбрз можен термин, а тоа најчесто се случува веќе следниот ден. Со оглед на безбедносната ситуација, тоа е невозможно, па сега неколку опции се во игра за конечниот епилог.

Белгија е веќе пласирана на Европското првенство, но победа против Шведска ќе значи дека ќе бидат први во групата, а тоа е за нив важно за да бидат носители во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Од друга страна, пак,

Шведска нема никакви шанси за пласман на континенталниот собир, па дури можно е да нема ни слободен термин за доигрување на дуелот со Белгија.

Следниот слободен термин е на 19 ноември, а Шведска тогаш има квалификациски меч со Естонија, а ждрепката за Европскиот шампионат е закажана за 2 декември.

Доколку Швеѓаните додадат уште еден термин во распоредот, тоа ќе значи дека ќе мора да одиграат дури три натпревари во само седум дена, што се коси со правилата на УЕФА.

Дел од медиумите објавија дека Шведската фудбалска федерација ја информирала УЕФА дека може воопшто и да не го доигра мечот со Белгија, што би значело дека „ѓаволите“ би запишале три бода по службен пат, но за ова уште нема официјална потврда од никого. Едно е јасно, ситуацијата е комплицирана, но Белгија е таа што може во случајов повеќе да загуби, особено ако натпреварот официјално се регистрира со резултатот од моментот на прекинот, 1-1.