На 23.05.2018 година во 20,10 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во Пехчево на улицата „Пионерска“ од засега непознати причини избувнал пожар во дворното место каде се наоѓале пилани и помошни објекти сопственост на А.Б. од Пехчево.
Од пожарот била запалена дрвна маса и отпад кој се наоѓал веднаш до објектите-пилани. Во 21,30 часот пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица-Берово.
Во текот на денов ќе се изврши увид на местото на настанот.