сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

До Икарди веќе пристигнала понуда од Њукасл – и во сето тоа последниот збор го имала Ванда Икарди!

До Икарди веќе пристигнала понуда од Њукасл – и во сето тоа последниот збор го имала Ванда Икарди!

Аргентинскиот напаѓач кој настапува за ПСЖ, нема првотимски статус во Париз, по што почна да се шпекулира дека тој наскоро ќе замине.

Икарди во Париз пристгна летото 2019 година, како позајмен фудбалер, а една година подоцна ПСЖ го откупи неговиот договор од Интер за 50 милиони евра.

Меѓутоа во последно време Икарди не е баш редовен во редовите на ПСЖ, па поради тоа и тој размислува можеби за размислување.

Таквата ситуација во ПСЖ, носи и шпекулации по повод најновата инвестиција во Премиерлигата, тимот на Њукасл.

Француските медиуми објавија дека Икарди е на листата желби кај новите сопственици на Њукасл.

Но според Ле Паризиен, Икарди веќе бил контактиран и отфрлил опција за трансфер во англискиот клуб. Клучна улога во одбивањето имала неговата сопруга Ванда Нара, која едноставно не сакала да се пресели во Англија.