недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојаноски со повик до граѓаните: На 17ти октомври да излеземе и референдумски ја дадеме поддршката за луѓето кои што проверено реализират проекти

Стојаноски со повик до граѓаните: На 17ти октомври да излеземе и референдумски ја дадеме поддршката за луѓето кои што проверено реализират проекти

Ја барме вашата поддршка за над 218 проекти, за изградба на две нови градинки и проектирање на нова во Хром, за запирање на урбаниот хаос кој што владее во општината, како и за зазеленување и за подобрување на животната средина, ја бараме за да Ѓорче Петров нема повеќе проблем со калта и навистина да се приближиме кон оние убави организирани животни средини, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

-Драги сограѓани, полека привршува крајот на кампањата и во недела на 17ти октомври кога сите треба да излеземе и кога треба да ја испратиме пораката дека сакаме да живееме во многу подобри и многу поорганизирани животни средини. Јас од нашето Ѓорче ве повикувам да излезете и да им дадете поддршка на овие луѓе, на луѓето позади мене, тоа се д-р Александар Стојковски, кој што ни е кандидат за градоначалник и д-р Ленче Нелосака која што ја предводи листат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, повика Стојаноски.

-Ја барме вашата поддршка за над 218 проекти, за изградба на две нови градинки и проектирање на нова во Хром, за запирање на урбаниот хаос кој што владее во општината, како и за зазеленување и за подобрување на животната средина, ја бараме за да Ѓорче Петров нема повеќе проблем со калта и навистина да се приближиме кон оние убави организирани животни средини, рече Стојаноски.

Ние тоа го можеме, само ако во недела на 17ти октомври да излеземе и референдумски ја дадеме поддршката за луѓето кои што проверено реализират проекти, и кои што знат за ја оправдат дадената доверба од вас граѓаните, заклучи Стојаноски.