ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(75) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 09.06.2021 во с.Г.Манастирец – општина Македонски Брод, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 44 куршуми од различен калибар.