На Мауро Икарди тешко му паднало по одлуката на Ванда Нара да замине од Париз, напаѓачот плачел, бил во депресија, дури и се заканил дека ќе се откаже од фудбалот доколку не му се врати сопругата.
Медиумите од Аргентина денеска објавија нови детали од скандалот помеѓу Мауро Икарди и Ванда Нара, беа откриени дел од интимните пораки поради кои атрактивната блондинка решила да ги спакува куферите, да замине од Париз и да се врати во Милано.
Мауро Икарди веднаш отпатува Милано, ПСЖ му даде дозвола да ги реши проблемите во бракот и на момент се чинеше дека двајцата се смириле.
Сепак, последните информации велат дека Ванда Нара нема лесно да му прости и сака развод.
Сето ова прилично тешку му паѓа на Мауро Икарди, се шпекулира дека тој е во депресија, постојано плаче, дури и се заканал дека ќе се откаже од фудбалот доколку Ванда Нара не му се врати.