Дуото пијанистки Нина Костова и Ивона Базгалоска вечер од 20 часот ќе имаат концерт во Музејот на македонската борба во рамки на фестивалот „Златна лира“.
На програмата се дела од романтичниот пијанистички репертоар, од композиторите Сергеј Рахмањинов, Едвард Григ и Петар Илич Чајковски.
Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), организатор на фестивалот „Златна лира“, наведува дека при селекцијата на програмата ги има предвид остварувањата на плејада реномирани уметници македонски пијанисти кои својот израз го градат и преку камерното музицирање.
– Ваквата традиција продолжува и на годинашното фестивалско издание, чијашто програма вклучува дури три концерти на пијано дуо состави, соопшти СМУМ.