петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер јунајтед го доживеа најтешкиот пораз од Ливерпул на свој терен

Манчестер јунајтед го доживеа најтешкиот пораз од Ливерпул на свој терен

Ливерпул ја оствари најубедливата победа над Манчестер јунајтед на Олд Трафорд, а впечаток е дека можеа и поубедливо да победат. Навивачите на Јунајтед тешко го поднесоа поразот, почнаа да го празнат Олд Трафорд уште на половина час пред крајот на мечот.

Херој на Ливерпул и на овој меч беше Салах кој постигна хет-трик, а имаше и асистенција.

Дека се спрема црн ден во Манчестер беше најавено уште во 5. минута кога по додавање од Салах, Кеита погоди за водство од 1-0.

Во 13. минута веќе беше 2-0, по центаршут од Александер Арнолд, Жота погоди за нова радост на Ливерпул.До крајот на првото полувреме Салах даде два гола за убедлива предност од 4-0. Одбраната на Јунајтед беше очајана.

По пет минути игра во второто полувреме Салах даде уште еден гол за негов хет-трик и водство од 5-0.Следуваше гол на Роналдо кој беше поништен поради офсајд.

Во 60. минута Погба доби директен црвен картон поради опасен старт над Кеита. Фудбалерот на Ливерпул заработи повреда, а Јунајтед остана со фудбалер помалку.Ливерпул немаше потреба да го зголемува темпото, само рутинирано го приведе мечот до крај и ја почна радоста за големата победа.