Поранешниот претседател на УЕФА и потпретседател на ФИФА, Мишел Планити изјави дека планира да му се врати на фудбалот
Ваква одлука доаѓа бидејќи швајцарското обвинителство потврди дека тој не е обвинет во истрагата за можни финансиски малверзации.
Платини (62) изјави дека ова е крај на долгиот кошмар за неговото семејство и блиските луѓе.
Некогашниот играч за врска до септември 2015. имаше стастус „меѓу сведок и обвинет“ во кривичниот процес против тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. Против Платини никогаш не беше покрената ниту една кривична постапка.
Доказите се однесуваа на Блатер и неговата дозвола ФИФА на Платини да му исплати два милиони долари во 2011. година.
Етичкиот комитет на ФИФА го истражуваше и барањето на Платини за пензиски придонеси на кои немал право. Блатер на тоа се согласил и додал повеќе од милион долари на неговиот пензиски фонд.
Платини на крај доби четиригодишна забрана за работа во фудбалот, која истекува во октомври следната година. И тој и Блатер велеа дека не направиле ништо лошо, но судиите од Судот за спортска арбитража одбиле да им ги укинат забраните.
Поради тој случај Платини е тргнат од челното место на УЕФА и не му е дозволено да се кандидира за наследник на Блатер во ФИФА во 2016.