вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европските земји нотираат распространета корупција, затоа нема датум за преговори

Европските земји нотираат распространета корупција, затоа нема датум за преговори

Во „нон пејперот“ изготвен од неколку влијателни земји членки на Европската унија е нотиран една од главните причини поради кои се бара на Македонија да не и се даде датум за преговори, а тоа е распространетата корупција.

Имено во овој документ се вели дека корупцијата е сеприсутна и постојат сериозни политички пречки во нејзиното справување.

Борбата против корупцијата и организираниот криминал не даде доволно резултати: и покрај воспоставената законска и институционална рамка, корупцијата и натаму е распространета во многу области и земјите ќе бидат сериозен проблем, додека капацитетот на институциите за ефикасно справување со корупцијата покажа структурни и оперативни недостатоци меѓу кои се политичките пречки.

Патем јавноста се уште не виде епилог за случајот кој што премиерот Зоран Заев сам го обелодени пред 7 месеци во кој за корупција беа посочени двајца членови на неговата Влада.

Ниту обвинителството, ниту Владата, ниту Заев не откри за каков коруптивен скандал се работи, ниту кои се функционерите за кои граѓаните се жалеле.

Дополнително во последниот извештај на Транпаренси интернешнл Република Македонија беше рангирана за 17 места полошо на индексот на корупција во споредба со претходната година, што речиси во целост кореспондира со владеењето на Зоран Заев и СДСМ.

Најнови вести