Времето утре ќе биде наутро по одделни котлини и речни долини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со слаб југоисточен ветер.
Во недела времето ќе биде наутро со услови за појава на магла и ниска облачност, а преку денот сончево со слаб југоисточен ветер.
Во понеделник времето ќе биде наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а попладне со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе биде ветровито и во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Во вторник времето ќе биде наутро со појава на магла и ниска облачност и врнежи од дожд кои до крајот на денот ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен претежно југоисточен ветер.