Имате омилени фармерки и би сакале да ви траат што е можно повеќе. Затоа придржувајте се до советите околу нивното одржување.
Фармерките никако не смеете да ги сушите во машина за сушење зашто така ќе се смалат. Исто така, ризикувате и со перење во машината на висока температура поради што фармерките најдобро би било да се исперат рачно.
Модните стручњаци од веб страницата „Who What Wear“ тврдат дека најлошото што можете да го направите на своите фармерки е да ги завртите и да ги стискате по перењето за да го исцедите вишокот на вода, бидејќи, според нив, така најлесно ќе ги деформирате.
Наместо тоа, ставете ги на рамна површина, замотајте ги како ролат и така исцедете го вишокот на вода. Потоа одмотајте ги и оставете ги да се сушат.