Денеска во текот на целиот ден се врши масовен поткуп на гласачи нез цела Македонија. Како што денеска преку текот на денот информиравме, поткуп се случуваше и во скопската населба Даме Груев, позната како Геге во општина Ѓорче Петрови по нашата објава од терен уапсени се две лица.
Од информациите кои ги имаме уапсени овие две лица од фотографијата, а од истата може да се забележи за која партија го правеле и поткупот.
За истиот случај се огласи и МВР, за кои потвдруваат дека овие две лица се уапсени.
-Денеска (30.10.2021) околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“. На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.