вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Исчезна млад Македонец, семејството бара помош: Живеел во Тетово, пасошот му е најден во Аеродром

Исчезна млад Македонец, семејството бара помош: Живеел во Тетово, пасошот му е најден во Аеродром

Тетовецот Бошко Митовски пред неколку дена излегол од дома и му се губи трагата, објави неговиот брат на социјалните мрежи, апелирајќи до сите кои имаат информација каде се наоѓа, да го контактираат семејството.

Според братот на исчезнатиот Митовски, кој објави за исчезнувањето на Бошко на социјалните мрежи, последната информација што ја добиле е дека е пронајдена неговата патна исправа, во скопската населба Аеродром.

„Ако некој го види, ве замолувам да нѐ известите,“ апелираат од семејството.