четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Осман Кадриу: Оваа влада нема легитимитет пред народот и тоа го покажаа изборите

Осман Кадриу: Оваа влада нема легитимитет пред народот и тоа го покажаа изборите

По најавената оставка на премиерот Зоран Заев, во игра се три сценарија за решавање на политичката ситуација, вели за „Слободен печат“ професорот по уставно право, Осман Кадриу.

– Кога премиерот ќе даде оставка, во оставка е и цела влада по сила на Устав. Има три варијанти за решавање на ситуацијата. Најбезбедна варијанта е да се формира ново парламентарно мнозинство, да се оди со нова влада, но во рамките на овој парламентарен состав, односно да не се распишуваат нови избори. На овој начин, целата постапка за избор на влада би одела отпочеток како вчера да се одржале парламентарни избори. Откако Собранието ќе ја констатира оставката на мандатарот, спикерот Талат Џафери треба да го извести Претседателот на државата и Претседаелот по Устав има надлежност да го даде мандатот на оној што има парламентарно мнозинство. Потоа, во рок од 20 дена новиот мандатар треба да формира влада.

Второто сценарио е да има предвремени парламентарни избори со техничка влада 100 дена пред избори и после изборите ќе се знае кој ќе има мнозинство. Тоа е потешкиот пат, бидејќи ниедна партија кај нас не добива апсолутно мнозинство, односно повторно ќе има преговори за состав на влада, а државата има други поприоритетни прашања за решавање отколку да имаме избори.

Трета варијанта е актуелното мнозинство во парламентот да си направи влада по примерот кога Бранко Црвенковски замина од премиерската функција и на негово место дојде Хари Костов и кога и Костов поднесе оставка па беше избран Владо Бучковски за премиер. Ова по Устав е можно, ама е политичко некоректно. Оваа влада нема легитимитет пред народот и тоа го покажаа изборите. Оваа влада изгуби политичка доверба кај народот – вели професорот Кадриу.

Извор: Слободен печат

Најнови вести