среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалски земјотрес: Трансферот на Халанд ќе чини до 300 милиони евра

Фудбалски земјотрес: Трансферот на Халанд ќе чини до 300 милиони евра

Ерлинг Халанд е еден од фудбалерите за кои се борат голем број гиганти, а неговата откупна клаузула од 75 милиони евра ги натера тимовите да почнат голема битка за неговиот потпис.

Германски „Билд“ направи интервју со менаџерот на Тони Крос, кој смета дека вкупниот износ за услугите на Норвежанецот ќе ги урне сите рекорди.

„Халанд има откупна клаузула. Комплетен пакет со плата за пет години и провизии за менаџерот најверојатно ќе чинат околу 250 и 300 милиони евра“, вели тој.

Халанд, кој во моментов е повреден, игра одлично во дресот на Борусија Дортмунд, па тоа ги натера ПСЖ, Баерн Минхен и Реал Мадрид сериозно да размислат за неговите услуги.