петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коалициониот партнер на Заев откри кога ќе биде поднесена оставката

Коалициониот партнер на Заев откри кога ќе биде поднесена оставката

Најавената оставка на премиерот Зоран Заев ќе биде доставена во Собранието деновиве, до средината на наредната недела веќе ќе биде познато и името на новиот мандатар, а за 10 дена веројатно ќе се избере и нова влада. Ова динамика на политичката сцена по неделните избори, но и отворените дилеми дали Заев ќе се повлече дури пред нова година вечерва ја најави владиниот партнер на Заев – лидерот на ЛДП Горан Милевски. Тој не исклучи и нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња.

Милевски потврди дека Заев и денеска на владините партнери им посочил дека не се откажува од одлуката за оставката поради лошите изборни резултатите. Притоа тој нагласи дека очекува да се зголемува владејачкотот мнозинство и тоа со пратениците на Алтернатива од која се чека одговор дали ја прифаќа ваквата понуда.

Најнови вести