четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Имал решение за задолжителна изолација, а полицијата не го најде дома

Имал решение за задолжителна изолација, а полицијата не го најде дома

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Д.(34) од кичевското село Грешница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

При контрола извршена на 23.08.2021, полициските службеници не го пронашле пријавениот во неговиот дом, со што постапил спротивно на решението за задолжителна изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и на законските прописи за заштита на населението од Ковид-19.