Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред мечот со Вест Хем во Премиер лигата потврди дека Бразилецот сериозно е повреден и дека нема да смета на него четири недели.
„Загубата на Боби Фирмино на теренот е голем удар за нас. Веќе два дена знаеме дека повредата на задната ложа е сериозна. Одсуството ќе биде во недели. Повеќе од четири, и јас тоа го сметам за сериозна повреда. Останува да видиме колку ќе паузира, иако Боби е некој кој што брзо оздравува“, рече Клоп.
Менаџерот додаде дека Куртис Џоунс ќе биде подготвен за мечот, но не и Џо Гомез кој го очекува на теренот дури после репрезентативната пауза.