СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на јануари 2021, Т.М. на пријавениот му дал 1.300 евра за да му обезбеди парцела на Попова Шапка.
По извесен период проверил и констатирал дека пријавениот не ја завршил работата, по што му биле вратени 610 евра, а до денот на пријавување пријавениот не му го вратил остатокот пари, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 690 евра.