вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Фудбалски судија нападнат по натпреварот меѓу Вардар и Шкендија

Фудбалски судија нападнат по натпреварот меѓу Вардар и Шкендија
илустрација

На 06.11.2021 во 13:05 часот полициски службеници на СВР Тетово ги привеле во полициска станица А.Н.(45) и Т.Ф.(42), и двајцата од Скопје.

А.Н. бил приведен поради нарушување на јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување, а Т.Ф. затоа што физички го нападнал фудбалскиот судија Ј.Б. по завршување на фудбалскиот натпревар од младинската суперлига помеѓу Шкендија и Вардар.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.