четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Србија руши црни рекорди, за едно деноноќие починале 67 лица

Србија руши црни рекорди, за едно деноноќие починале 67 лица

Во Србија во изминатите 24 часа како последица од коронавирусот починале 67 лица, а од 16.799 тестирани примероци регистрирани се 4.348 новозаразени, објавено е денеска на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs.

Од почетокот на епидемијата со коронавирус, во Србија се направени 6.472.195 тестови за ковид-19 и регистрирани се 1.187.373 заболени лица, а починале 10.472 лица, соопшти тамошното Министерство.